Поскапувањето на регистрацијата на возилата за 15,4 отсто е уште еден удар врз семејниот буџет.
За оваа намена граѓаните ќе мора да издвојат околу 1.000 денари повеќе што и не е така мала сума. Поскапувањето се должи на зголемувањето на цената на задолжителната осигурителна полиса. Но, она што е сигурно е дека засега зелениот картон за патување во странство останува по стара цена. Па така оние граѓани кои за празниците и летово ќе патуваат надвор од државата со сопствено возило нема да имаат дополнителен трошок, барем за зелен картон.
Македонија во последниов период е сведок на постојано зголемување на цените. Поскапи храната, поскапеа услугите, а сега и регистрацијата на возилата. Има ли нешто што не е поскапено? Просто човек не знае кој производ ќе изненади со нова цена, како што и сега се случи со поскапување на регистрацијата, коментираат граѓаните.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press