По речиси една година, мостот „Беласица“ целосно е пуштен за сообраќај и за товарни возила. Но, цевките на ЕСМ од топловодот не се ставени и се уште стојат во тревникот на кејот под мостот.
Пред две недели тимот од Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени на професорот Михаил Гаревски правеше пробно товарење дали мостот може да се пушти во употреба и за тешки товарни возила и да се тргнат собраќајните знаци кои означуваа каде можеше да се вози, а каде не. По тестирањето без никакво известување од надлежните институции мостот „Беласица“ целосно се пушти во употреба, а возилата се движат по двете ленти во двата правци.
Мостот „Беласица“ беше оштетен во пожар кој се случи лани во мај. Првично беше целосно затворен за сообраќај поради што настана вистински хаос во градот. Во пожарот настрада и топловодот преку кој скопјани добиваат парно греење.