Многу градови ширум Европа се соочуваат со големи гужви и преполни улици, па веќе некое време спроведуваат маркетинг кампањи за намалување на бројот на туристи и контрола на нивното однесување на улици и трговците. Амстердам сака да се ослободи од имиџот кој го доби поради легалната марихуана и прочуениот кварт на Црвените фенери, Венеција почна да наплаќа влез во центарот на градот, а најавено е и дека локалните власти во Прага размислуваат да воведат закон кој ќе забранува одреден вид на облека за туристите.
Како што пишува TimeOut, забраната посебно би се однесувала на глупавите костими кои британските туристи најчесто ги носат британските туристи на моминските и ергенските забави.
Забраната за глупави костими во центарот на Прага ја предложи локалното собрание, а ако законот биде усвоен, туристите ќе мора да го почитуваат кодексот на облекување при шетањето низ градот и историскиот центар на чешката престолнина, кој се наоѓа на листата со заштитено светско наследство на УНЕСКО.
Забраната за глупави костими ќе се однесуваат на средновековниот стар град и Прашкиот замок, како и на Вацлавскиот плоштад. Баровите во околината посебно се популарни кај Британците кои го посетуваат градот поради пабовите и популарните пивски тури. Претставниците се надеваат дека забраната ќе го стпира не само непристојното однесување, туку и бучавата.
Меѓу останатите мерки кои градот претходно ги разгледуваше забраната за движење ноќе со автомобили во стариот центар на градот и ограничување на работното време, но ниеден од тие предлози до денес не е спроведен.