Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2024 година изнесува 40 496 денари.
Највисоки плати во земјава добиваат компјутерските програмери, професија која одамна е прва на листата најплатени во земјава. Просечната плата во март 2024 година изнесувала нешто повеќе од 1.500 евра или просечни 96 573 денари – покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Втори на списокот најплатени професии се “Останати стручни, научни и технички дејности”, кои во март земале во просек 73 701 денари нето плата. Трети најплатени за март биле вработените во “Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарат” со 65 408 денари за март 2024.
На другата страна пак од скалилото, најнеплатените професии во земјава се со минимум трипати и дури над четири пати пониски плати од професиите со највисоки примања. Така убедливо на дното се вработените во секторот “Заштитни и истражни дејности” кои со платите се пониски од сегашниот минималец. Или во март 2024 добиле во просек по 22.155 денари.
Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава пораснала за 16 отстово однос на март лани.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (21.9 %), Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (21.3 %) и Образование (20.5 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (7.8 %), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (7.3 %) и Преработувачка индустрија (6.2 %).