Цените на храната во Грција се различни и зависат од место до место.
Сепак, како што забележуваат првите македонски туристи кај нашиот јужен сосед, цените на храната во Грција се нешто повисоки од претходните години, следејќи генералниот тренд на раст на цените во Европа.
Додека некои намирници се поевтини во Грција, други се поскапи.
Ирена Блажевска, 46-годишна скопјанка, во разговор за Денар вели дека не забележала огромна разлика во цените на зеленчукот и овошјето, но дека купувањето месо и млечни производи во Грција е неисплатливо.
„Додека се наоѓав на одмор во Грција, поточно во туристичкото место Неа Пори, забележав дека цените на зеленчукот и овошјето не се многу повисоки од оние во Македонија. Свежите домати, на пример, не се продаваат за повеќе од 70 денари, а свежите краставици не се продаваат повеќе од 75 денари. Од друга страна, разликата се гледа во месарниците и во маркетите. Таму, цените на месото и другите производи може да бидат поскапи. Во секој случај, Грција е прекрасна земја со богата култура и вкусна храна”, ни изјави Блажевска.
Еве неколку индикативни цени на храната во Грција во 2024 година (цените се изразени во евра):
Леб: 1,10 – 1,90 евра
Млеко (литар): 1,12 – 2,80 евра
Јајца (пакување од 12): 2,20 – 3,50 евра
Кечап: 2 – 4 евра
Сончогледово масло (литар): 2,00 – 2,60 евра
Екстра девствено маслиново масло MrGrand (4 литри): 49,69 евра
Маслиново масло Altis Classic (2 литри): 27,88 евра
Маслиново масло Minerva Classic (1 литар): 13,18 евра
Путер (225 гр.): 3 – 4 евра
Јогурт: 2 – 4 евра
Тестенини: 1 – 2 евра
Тоалетна хартија: 3,39 – 5 евра
Брашно (кг): 0,79 – 1,90 евра
Шеќер (кг): 1,20 евра
Фета сирење (кг): 5,50 – 12,90 евра
Сирење (200 гр): 3 – 4 евра
Салама (кг): 7 – 16 евра
Домати (кг): 2,10 евра
Краставици (секоја): 0,50 – 1,60 евра
Грчка зелка: 0,56 евра
Компири (кг): 1,00 – 2,10 евра
Сладок компир: 2,18 евра
Кромид (кг): 0,50 – 1,30 евра
Црвен кромид (кг): 1,55 евра
Млад кромид: 0,80 евра
Морков: 0,80 евра
Зелен пипер (кг): 3,80 евра
Тиквички (кг): 0,80 – 1,50 евра
Праз: 1,68 евра
Китка магдонос: 0,70 евра
Брокула: 2,68 евра
Целер: 1,53 – 1,92 евра
Спанаќ (кг): 1,68 евра
Јаболка (кг): 0,90 – 2,20 евра
Праски (кг): 1,80 – 2,50 евра
Кајсии (кг): 2,60 – 3,00 евра
Цреши (кг): 4,80 – 5,20 евра.