Регулаторната комисија за енергетика ја подготвува новата цена на електричната енергија која тртеба да важи во следните шест месеци. Тоа што треба да охрабрува е дека по се изгледа ќе се донесе одлука за намалување на актуелната цена за домаќинствата.
Информациите до кои дојде Денар се дека има една жалбена постапка во врска со тендерот на кој се избира Универзалниот сналбдувач за граѓаните за следните пет години, и кога таа постпка ќе заврши ќе се чека цената која ќе ја понуди државната енергетска компанија ЕСМ. Доколку понудата биде под 58 евра, тогаш со сигурност втората половина од годинава граѓаните ќе имаат пониски трошоци за струја.
За најдоцна две недели граѓаните ќе дознаат дали се точни најавите дека во следните шест месеци ќе плаќаат пониски сметки за струја. Според информациите кои ги добивме од Регулаторната комисија за енергетика, одлуката ќе зависи од тоа која ќе биде цената на ЕСМ. Од регулаторна за Денар велат дека можно е државната ЕСМ да понуди пониска цена од моменталната, но исто така во овој случај можно е да има конкуренција, односно да се пријават и други фирми, што не беше пракса во претходните тендери за избор на универзален снабдувач.
„Оваа година за последен пат РКЕ ќе одредува цена на електрична енергија во јуни, односно тоа ќе го прави Универзалниот снабдувач, па тој ќе ја достави на увид пресметката во Регулаторната комисија за енергетика. Добро е тоа што се знае дека маржата ќе биде пониска односно беше 11,5 отсто, а од први јули ќе биде 9,9 проценти. Тоа што сериозно ќе влијае на цената на електричната енергија е цената која што ЕСМ ќе ја понуди на тендерот на Универзалниот снабдувач, а следно кое ќе има влијание врз крајната цена е и тоа во колкав процент ќе ги обезбеди ЕСМ потребите за домаќинстватга и малите потрошувачи. Но, соодветно влијание може да има, а тоа е колкав ќе биде трошокот за откуп на електрична енергија од повластените произведители“, велат од РКЕ.
Инаку, во последниов период може да се забележи дека цената на европските берзи каде се тргува со електрична енергија има намалување на цената. Но, податоците велат дека има зголемување на цената на природниот гас, а тоа влијае на цената на струјата. Веќе има и најаваи дека цената на електричната енергија догодина ќе достигне нешто над 100 евра за мегават час, што не се случило повеќе од четири – пет месеци. Таа цена е далеку пониска од оние кога цените доживуваа цунами и достигнуваа над 300 евра за мегават час, но е на некоја средина бидејќи е далеку од 50 евра цена на струјата која беше пред кризата. Сега регулагторот очекува стабилизација на цената на струјата.
Официјалните податоци велат дека последната одлука за цената на електричната енергија на регулаторот која се случи пред Нова година беше намалување за нешто над пет отсо за домаќинствата кои се во првиот тарифен блок, за корисниците на струја од вториот блок цената осната иста, оние домаќинства кои се влегуваат и во третиот блок добија нешто повисоки сметки за речиси три отсто, и во делот каде се домаќинствата од четвртиот блок зголемување од 1,8 отсто.
Регулаторот повтори дека за граѓаните кои се во четвртиот блок им е поисплатливо да излезат на слободниот пазар на електрична енергија.
Во однос на производството на електрична енергија, термоцентралите имаат најголемо учество во производството со 39,2 проценти, потоа следуваат хидроцентралитем со 27,3 отсто, фотонапонските електроцентрали со 19,2 проценти, комбинираните постројки за производство на електрична и топлинска енергија со 10,9 отсто и сите преостанати со 3,24 проценти.