Цените во Грција се повисоки од лани, но варираат од место до место, обично цените на островите се повисоки од оние на краците или на олимписката ривиера. Македонските туристи што веќе беа во претсезона на одмор во Грција, велат дека цените, генерално, се повисоки, но дека не се драстично повисоки од лани. Цената на гирото речиси секаде е иста, околу 4,5 евра, односно 9 евра за порција, а пивото е од 5 евра, па нагоре. Цената на лежалките варира, па се движи меѓу 40 евра за човек ако сакате да сте во прв ред, до бесплатна лежалка ако порачате пијалак.
Секоја година, илјадници македонски туристи одат на летување во Грција. При изборот на дестинацијата, освен тоа каква е плажата, големо влијание имаат и цените на храната, пијалаците, но и на лежалките. Цените во Грција се повисоки од лани, но варираат од место до место, обично цените на островите се повисоки од оние на краците или на олимписката ривиера. Македонските туристи што веќе беа во претсезона на одмор во Грција, велат дека цените, генерално, се повисоки, но дека не се драстично повисоки од лани. Цената на гирото речиси секаде е иста, околу 4,5 евра, односно 9 евра за порција, а пивото е од 5 евра, па нагоре. Цената на лежалките варира, па се движи меѓу 40 евра за човек ако сакате да сте во прв ред до бесплатна лежалка ако порачате пијалак.
На некои места, две лежалки со пијалак се 30 евра во првиот ред, а во задните редови се бесплатни – се плаќа само пијалакот – кафе, сок, алкохол. Цените на кафето, пивото и сокот на плажа се меѓу 4 и 5 евра, а лежалките се бесплатни ако нарачате пијалак. Во некои барови на плажа, пијалаците се по 5 евра, и со тоа добивате две лежалки и чадор.
– Во Лептокарија има голема навалица од туристи на плажата. Пред да дојдеме во Лептокарија, поминавме и во Паралија и Олимпик Бич, и таму имаше многу туристи. Со други зборови, грчките летувалишта уште сега се преполни и покрај тоа што сè уште не е сезона. Цените, во однос на лани, не се многу повисоки – вели Валентина, која штотуку се врати од летување во Грција.
Што се однесува до цените на лежалките, вели дека се движат од 5 до 7 евра за човек, но дека мора да платите двапати во денот, без оглед на тоа дали сте цел ден на плажа или си одите во апартман на ручек.
Гирото е 4 евра, килограм домати од 1 до 5 евра, црешите 3 евра, праските 2-3 евра, бостанот 1 евро, бананите 1,5 евра, лебот 1 евро, маслиновото масло 10 евра за литар. Цените на млечните производи се речиси исти како во Македонија, а некои се малку повисоки, во зависност од тоа дали се работи за производи од кравјо или од овчо млеко.
Пицата, во зависност од големината, чини меѓу 6 и 12 евра, додека скарата е нешто поскапа и чини 14 евра. Едно пиво од половина литар е пет евра, а виното, во зависност од производителот и количината, чини меѓу 2,50 и 22 евра.
Цените на гардеробата, онаа што претежно ја има во туристичките места, се речиси исти како оние во нашите бутици.
Ова го потврдува фактот дека цените на храната, продуктите и на различните производи и услуги во Грција се различни во различни туристички места. На некои места, цените на лежалките во баровите се 20 евра комплет. Со оглед на тоа дека повеќето летуваат и до десет дена, ако секој ден изнајмуваат комплет само за тоа задоволство, ќе треба да издвојат 200 евра.
Новина оваа сезона е што половина од секоја плажа мора да биде без лежалки и мебел за да биде достапна за секого и за да може да се остане на плажа без никакви трошоци.
Туристите што ќе забележат дека не е така, а не сакаат да платат за лежалки, можат да пријават со апликација до надлежните органи, кои брзо реагираат со оглед на тоа што користат дронови за контрола на ситуацијата. Казните за угостителите се високи и се движат од пет до 25.000 евра.