На 19 декември годинава германската влада конечно ќе гласа за нацрт-законот со кој во иднина треба да се регулира доаѓањето на странци во земјата, пред се стручни работници. Законот треба точно да регулира кој смее да доаѓа во Германија, било да станува збор за работа или студии. Генерално, фокусот е ставен на луѓе кои веќе имаат завршено факултет или стручна спрема.
Во нацрт законот е предвидено дека заинтересираната личност која има стручна подгoтовка и истата пронашла работа, може да работи вo Германија во било која професија. Тоа значи дека работна виза може да добијат и лицата чија професија не се наоѓа во групата на барани позиции во Германија. Новитет има и при издавањето на работната виза. Па така, според новиот нацрт закон повеќе не мора да се докажува дека за конкретното работно место нема соодветни кандидати од Германија или ЕУ.
Уште едно ново правило е тоа што лицата кои имаат стручна спрема не мораат да имаат работен договор пред да влезат во Германија. Барањето на работа во земјата ќе биде со времетраење од шест месеци. Покрај стручните квалификации, предуслов е и соодветно познавање на германскиот јазик и доказ за покривање на трошоцте за живот во текот на тој период. На овој начин се докажува дека тие дека нема да бидат зависни од државна поддршка.
За да можат странските работници да работат во Германија нивната стручна подготовка мора да биде признаена во земјата. За да може ова да се оствари, моментално се работи на развивање на системот за признавање на степенот на образованите и за подобро советување на заинтересираните лица од странство.