Дејан Радуловски од Битола отсекогаш знаел дека историјата е науката на која ќе и го посвети животот пишува Умно.мк Дипломирал со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот научен интерес е нововековната историја и веќе е запишан на вториот циклус на студии
Тој има 23 години, паралелно студира два факултета, едниот веќе на втор циклус на студии, а вториот за да го разбере повеќе првиот. Дејан Радуловски од Битола отсекогаш знаел дека историјата е науката на која ќе ù го посвети животот. Дипломирал со просек 10.00 на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје. Неговиот научен интерес е нововековната историја и веќе е запишан на вториот циклус на студии. Паралелно запишал и Правен фалултет на прв циклус на студии кој очекува да му помогне да ја разбере историјата од еден друг агол. Ова се приказните на успешните студенти.
Вие сте студент со просек 10.00. Дали некогаш сте прополагале испит или едноставно така се случи?
– Во текот на студирањето никогаш не сум преполагал испит. Едноставно бев фокусиран и знаев дека тоа е најбитниот дел од мојот живот. Посветеноста, фокусираноста и љубовта кон историјата постојано ме водеа во текот на студирањето. Јас сметам дека кој било човек може да постигне каков било успех во својот живот, доколку е свесен дека тоа кое што го работи/учи ќе биде постојано дел од неговиот живот. Тешко е во едно вакво конзумеристичко општество да правите нешто од љубов, но сепак тоа беше главниот фактор кој ми овозможи да постигнам еден ваков успех.
Целиот текст прочитајте го на: umno.mk