Македонскиот туристички бисер Охрид и оваа летна сезона мета на критики поради цените, но и поради патот дотаму.
Иако, цените на угостителските услуги се пораснати на ниво на државата, согласно податоците од Државниот завод за статистика, бројни се коментарите дека домаќините од Охрид „дебело“ печалат на туристите.
Поплаки има и многу за автопатот кој никако да се изгради, а кој води до Охрид.
- Охрид треба да биде скап, ама треба за таа скапотија да понуди квалитет. Ако се цените на ниво на Венеција, Рим или Париз, храната и услугата и сѐ друго треба да биде на тоа ниво. Амбиентот, инфраструктурата и сите други елементи исто така треба да ги следат цените, пишуваат на социјалните мрежи.
- За да биде елитно место прво треба да НЕМА дупка на сред пристаниште у сред туристичка сезона. Не само таму туку и низ цел град. И да има осветлување и тротоари насекаде. Можам роман да напишам што уште треба да средат, реагира една корисничка на „X“.
Еве дел од реакциите на социјалната мрежа „X“: