Според научниците, човечката кожа за роботи би можела да направи револуција и во роботиката и во козметичката индустрија. Новиот развој вклучува живо ткиво, мешавина од клетки од човечка кожа израснати на база на колаген, поставени на 3Д печатена подлога од смола.
Оваа иновативна кожа содржи структури слични на лигаментите кои се наоѓаат кај луѓето и животните, обезбедувајќи сила и флексибилност. Создадени со перфорирање на смолната основа на роботот, овие структури овозможуваат ситни шуплини во форма на V да се пополнат со живо ткиво, држејќи ја кожата на роботот на место.
Научниците потоа ја поставиле таа кожа на насмеано роботско лице широко неколку сантиметри, кое е контролирано со прачки прикачени на основата. Друг експеримент вклучува 3Д модел во облик на човечка глава со слична големина, иако таа останала неподвижна. Истражувањето поврзано со ова достигнување е објавено во списанието Cell Reports.
Како што развојот на технологијата за вештачка интелигенција и другиот напредок ги прошируваат улогите кои се бараат од роботите, функциите што се бараат од кожата на роботите исто така почнуваат да се менуваат, вели Мичио Каваи од Универзитетот Харвард. Тој сугерира дека кожата слична на човекот може да ја подобри способноста на роботите да комуницираат со луѓето.
Има значителни импликации и за козметичката индустрија. Научниците потрошија еден месец насмевнувајќи го лицето на мал робот, успешно повторувајќи го создавањето на брчки. Способноста да се создадат брчки на лабораториски примерок со големина на дланка може истовремено да се искористи за тестирање на нови козметички производи и производи за нега на кожата кои имаат за цел да го спречат, одложат или да го ублажат создавањето на брчки, објаснува Каваи.
И покрај овие достигнувања, Каваи ги признава ограничувањата на иновативната роботска кожа. Недостатокот на сензорни функции и недостатокот на крвни садови за снабдување со хранливи материи и влага значи дека не може да преживее долго изложена на воздух, вели тој. Решавањето на овие проблеми, додава тој, вклучува интеграција на нервни механизми и каналите за перфузија во ткивото на кожата.
А тоа значи ново истражување.