Министерството за надворешни работи ги извести граѓаните дека подолгото задржување на граничниот премин Табановце е поради поголемите проверки од српска страна, а сето тоа поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам од страна на Србија.
„Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека зголемениот временски период на чекање на ГП Табановце, за влез и излез од територијата на Република Северна Македонија е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Република Србија.
Воедно, Ве известуваме дека граничните полиции на двете држави се во постојана комуникација со цел овозможување брз и непречен проток на патници и возила, но и соодветна контрола поради новонастаната состојба“, велат од МНР.