Речиси 40 проценти од високообразовниот кадар веќе ја има напуштено Македонија, проценува Светка банка.
Земјава се наоѓа во топ 20 земји во светот со најголема емиграција во странство, покажува извештајот на Меѓународната организација за миграција за 2020 година. Според Индексот на одлив на мозоци на Global Economy, земјава е на високото петто место (од 41 европска земја), што јасно покажува дека државата се соочува со голем одлив на таленти. Вчера Државниот Завод за ревизија го објави конечниот извештај , во кој меѓу другото се потенцира дека проценките покажуваат дека во периодот 2013-2021 година од државата просечно годишно мигрираат по околу 2.500 високо образовани кадри, за кои државата просечно годишно инвестирала по околу 5 милијарди денари или вкупно за анализираниот период потрошила 44,7 милијарди денари, односно околу 725 милиони евра.
Целиот текст прочитајте го на: vecer.press