Веројатно повеќето од вас сметаат дека прекувременото работење е најдобра гаранција за напредок во вашата кариера. Има причина зошто се очекува од вработените да работат околу 40 часа неделно. Концентрацијата и ефективноста опаѓаат после тие 8 часа во текот на денот и се што ја надминува таа бројка може негативно да влијае на вашата креативност и ефикаснот.
Ова се петте негативни последици од прекувременото работење:
Лошо влијае на вашето здравје
Доколку работите премногу напорно и поминувате премногу часови на работа, вие нема да имате доволно време и енергија за правилно да се грижите за себе. Со ваквиот начин на живот вие нема да го најдете потребното време за вежбање, да се исхранувате здраво или да спиете доволно. Прескокнувањето на овие три елементи многу брзо ќе ве направи изнемоштени. Ова во комбинација со високото ниво на стрес е "совршен" рецепт за колапс на вашиот организам. Ваквата состојба ќе доведе до немање целосна концентрација при извршување на вашите работни задачи. Едноставно е, мора да направите баланс помеѓу работата и грижата за себе.
Ја уништува вашата креативност
Времето поминато надвор од работата е време потребно за одмор и рефокусирање. Доколку вашиот работен распоред е пренатрупан вие ќе немате време за себеси и вашите хобиа, а со тоа вашата имагинација ќе почне да стагнира. Истражувањата покажале дека во овие ситуации најважен е периодот на "инкубација". Станува збор за временски период во кој мислите се наоѓаат во задниот дел на нечиј ум. Доколку работите напорно и не оставате време и простор за инкубација, на крај нема да добиете никакви нови идеи.
Покажува дека не работите паметно
Клучот за успех е да правите паметни одлуки кога станува збор за вашата кариера и секојдневните обврски. Под работење паметно се подразбира да знаете во кое извршување на работните задачи сте најдобри. Работењето паметно има за цел поттикнување на креативноста и мотивацијата. Наместо да дозволите да се исцрпите од извршувањето на задачите кои се повторуваат, оптимизирајте го работниот процес. На овој начин, вие ќе имате корист од сопствената оптимална продуктивност.
Индицира дека не можете да поставите приоритети
Немојте да поминувате премногу време на извршување на оние задачи кои нема да влијаат во унапредувањето на вашата кариера. На пример, немојте да поминувате премногу време на одговарање на вашата електронска пошта. Обидете се да одговарате на вашите пораки еднаш дневно, но поставете си приоритети. Најпрво, одговорете на оние најважните, а потоа направете посебен распоред за тоа кога ќе се справите со останатите. Постојаното менување на работните задачи и одговарањето на електронската пошта помеѓу нивното извршување ве забавува и ве тера да трошите повеќе часови на помалку важните обврски. На овој начин, вие не ги искористувате ефективно тие 8 часа на работното место.
Покажува дека не сте задоволни од вашата работа
Работењето повеќе од 40 часа неделно за да ги завршите работните задачи може да испрати погрешен сигнал до вашите работодавачи. Тоа може да биде протолкувано како знак дека сте преоптоварени од работата, дека не можете да се справите со вашите задачи во ограничен временски период и дека не сте подготвени да преземете поголема одговорност.