Летната туристичка сезона е во полн ек, а голем проблем за сите што се занимаваат со туризам годинава е адекватната работна сила. Се бараат готвачи, келнери, собарки, но една реклама на социјалните мрежи привлекува повеќе внимание од другите. Имено, во него стои дека се бара пица мајстор и условите се повеќе од добри.
Во огласот стои дека локалот се наоѓа во мало гратче на црногорското приморје и дека е обезбедено сместување и храна. Понудената плата е 1.800 евра, а работното време осум часа.
- Се бара некој кој има најмалку три години искуство во овој бизнис. Постои и можност за трајно вработување, не само во сезоната. Доколку некој сака да ја работи таа работа со овие услови, тогаш може да не контактира - се наведува во огласот.
Иако во Црна Гора во моментов има над 30.000 невработени, мал дел од нив се одлучуваат да работат сезонски, па според традицијата работната сила доаѓа од регионот - Босна и Херцеговина, Србија и Македонија. Но, нивниот број е значително намален во последните години, па така работната сила на црногорското приморје е барана низ целиот свет.
ДОКОЛКУ БАРАТЕ РАБОТА ВО СТРАНСТВО КЛИКНЕТЕ НА ЛИНКОТ
- Многу мал процент од Црногорците се одлучуваат да работат сезонски работи, затоа сме принудени да бараме работници во други земји. Граѓаните на Србија и Босна и Херцеговина до оваа година традиционално бараа работа на крајбрежјето, но сега во голема мера отсуствуваат бидејќи избраа други и подобро платени дестинации. Сега со нас работат и луѓе од Непал, Индонезија и Молдавија, рече Александар Јовановиќ, претседател на Угостителската асоцијација Будва.
Тој додава дека овој акутен проблем на црногорскиот туризам треба да се решава систематски и заеднички меѓу самите ресторани и надлежните министерства, бидејќи како што посочува, потребно е подобро поврзување на образовните институции и стопанството.
- Потребни ни се наши вредни и млади луѓе кои сакаат да работат. Да имаме наш стручен кадар. Сега се е несигурно. Затоа секоја година сме во се поголем проблем како да најдеме работници, заклучува Јовановиќ.