Гордон Гренвил-Хант го прослави својот 104 роденден. Тој јаде целосен англиски оброк секое утро во домот за стари лица каде што живее.
На денот на интервјуто кое го објави „Thesun.co.uk“, тој ручал риба и компири. Гордон ги отфрли сите грижи за неговото ниво на холестерол велејќи: „Јас имам зготвен појадок секој ден“.
-Тоа ме подготвува за денот. Би можел да имам здрава овошна салата, но никогаш не би размислувал за ништо друго освен целосна англиска порција.
Вработуваме ЕЛЕКТРИЧАРИ низ цела Македонија!
Електричарот Гордон служел во Кралските електро и машински инженери за време на Втората светска војна. Таткото на две деца продолжи да работи како производител на автомобили во Оксфорд и, по смртта на неговата втора сопруга Филис, се преселил во Дорсет во 2019 година и живее во дом.
Синот Филип (70) долговечноста ја припишува на љубовта кон храната, велејќи:
-Јаде како коњ и е тврдоглав како мазга. Тој е најпозитивната личност што ја познавам. Чашата секогаш му е преполна, никогаш до половина полна.