Пиењето вода е навистиа важно бидејќи му помага на нашето тело да фунцкионира правилно и притоа игра улога во превенцијата од главоболки и дехидрација. Многумина не пијат доволно вода и наместо неа конзумираат сокови, кафиња и други слични пијалоци. Пиењето вода има многубројни придобивки, а ова се некои од нив:
Менталната креативност и перформансите ќе ви се подобрат
Кога пиете вода вашиот мозок реагира побрзо. Бидејќи на мозокот му се потребни големи количини на кислород за да функционира, а водата е еден од најголемите извори, со нејзино конзумирање работата на мозокот значително ќе се подобри. Пиењето 8 до 10 чаши вода дневно може да ги подобри вашите когнитивни перформанси за дури 30%.
Ќе стареете побавно
Пиењето вода помага во забавување на процесот на стареење со тоа што ја одржува вашата кожа соодветно хидрирана. Водата ја одржува кожата здрава, блескава и спречува појава на брчки. Исто така помага во одржување на нејзината мекост и еластичност. Затоа, за да ги остварите овие придобивки мора да пиете вода.
Вашите коски ќе станат поцврсти
Водата помага зглобовите да се движат без проблеми, намалувајќи ги оштетувањата на зглобовите предизвикани од тензијата. Истражувањата покажуваат дека заедничката флексибилност се подобрува со соодветно внесување на вода.
Ќе имате поздраво срце
Истражувањата покажуваат дека чаша вода еден час пред спиење спречува срцев или мозочен удар. Ова му олеснува на срцето да испраќа свежо оксигенирана крв во органите. Американско списание за епидемиологија објави шестгодишна студија која откри дека луѓето кои пиеле повеќе од пет чаши вода дневно имале 41% помалку шанси да починат од срцев удар отколку оние кои пиеле помалку од две чаши на ден.
Ќе изгубите тежина
Доколку ја пиете потребната количина на вода набрзо ќе почнете да конзумирате помалку калории и со тоа да ја намалувате тежината. Водата го прочистува вашето тело и го намалува гладот.