Неколку се причините за тоа да не се разбирате со парите.
- Живеете со родителите
Ако живеете на два чекори од мајка си, време е да ги исклучите од плановите одењето таму за вечера или за перење алишта. Ако имате можност оддалечете се и превземете го животот во свои раце. Да, дури и вечерата на масата и порцијата валкани алишта за перење. Животот нема да ви се промени, додека вие самите не го промените.
- Не се разбирате доволно околу економските прашања
Повеќето луѓе дури и не ги разбираат основите на економијата во домаќинството. На овој начин не успеваат да управуваат со своите ресурси. А ова е од големо значење за управување со сопствените финансии, колку и мали да се тие.
- Буџетот ви го блокира размислувањето
Можеби родителите ви рекле: “Секоја заработен денар се заработени пари.” Кога штедите, е исто како да играте во одбрана, а не во напад. Променете го размислувањето за штедењето.
Барате работа во сектор БАНКАРСТВО?
- Политичарите, Велигденското зајаче и Дедо Мраз
Идејата дека еден политичар може да го спаси светот, не наоѓа докази на пракса во текот на последните 50 години.
- Финансиска апатија
Не може да имате пари, ако не обрнувате внимание на своите финансии. Исправете се пред вистината за својата финансиска состојба и започнете од овој момент да ставате во ред работите. Инаку ситуацијата ќе станува сè полоша. Секоја недела правете анализа, независно од финансиската положба која ја имате.
- Прашање на избор
Денес секој сака да биде директор. Но, погодете што! Некој мора и да ја врши работата. .
- Се споредувате со сиромашните
Идејата дека финансиската положба ви е подобра од таа на некој кому му е полоша во овој поглед, не е здрава. На овој начин побрзо барате оправдување за тешкотиите си. Тоа е еднакво на финансиско самоубиство.
- Работа од 9 до 5
Всушност работното време од 9 до 5 значи 40 работни часа неделно. Многу луѓе со сопствен бизнис работат двојно повеќе. Значи не се жалете и не се оправдувајте дека немате време за ништо на страна. Само споменете си колку успешни финансиски луѓе работат по 40 часа неделно?
Ако финансиската положба не ви е добра, признајте го тоа пред себе и направете го првиот чекор кон промена. Вториот чекор е да се откажете од тоа да ја барате вината во некој друг. Преземете одговорност и ставете ги во ред приходите – престанете да заштедувате, почнете да работите повеќе и пресретнете ги сите ваши трошоци.
Парите не се најважното нешто, бидејќи не тие ќе ве направат среќни. Но добро е да имате пари, за да може мирно да создадете семејство и да се грижите за него.