
Охрид е поскап од Грција, коментираат туристите и оваа летна сезона.
Еден твитерџија направи споредба на цената на лежалка на плажа во Грција и во Охрид.
- Грција : Лежалкa со чадор + кафе (со кафето стално даваат флаширана вода) + кока кола - 5.50 евра или 330 денари. Охрид: Лежалка - 350 денари И после зашто сите бегале у Грција, гласи неговата објава на „X“ платформата.
Дел од туристите се согласија со оваа констатација.
- Што и да сум нарачал на плажа со се давале нешто гратис, со кафе стално даваат флаширана вода, со пиво чипс/јаткасти плодови, и во кафаните/рестораните после јадење даваат десерт, сега само што вечерав и од ресторанот имавме гратис сладолед, гласи еден коментар.
Меѓутоа, повеќето коментираат дека сезонава тешко може да се најде лежалка за 5 евра во Грција. На краците лежалките се од 10-20 евра, споделуваат туристи.
На сметка на македонскиот туристички бисер Охрид и сезонава стигнаа поплаки дека дел од хотелите има наплаѓаат лежалки и на сопствените гости.