Резервиравме место за вас на најголемиот онлајн регионален саем за вработување по поволна цена!
Пазарот на трудот е јасен, и работодавачите и вработените имаат континуирана потреба од платформа каде што ќе можат лесно и директно да комуницираат и да ги добијат сите потребни информации за вработување. Токму од оваа причина и оваа есен го организираме Регионалниот саем за вработување, кој годинава се одржува од 15 до 22 октомври.
Во текот на сите 8 дена (24 часа на ден), работодавачите ќе имаат можност да се претстават како посакуван работодавач преку 5 модули на својот виртуелен штанд: огласи, профил, видео и/или фото галерија, разговор, зошто ние? (искуства, бенефиции на вработените). Тоа е можност да се потенцираат предностите на компанијата како работодавач и да се постигне директна комуникација со кандидатите и брзо вработување преку чет.
Зошто да учествувате на онлајн саемот?
Доколку сеуште размислувате зошто треба да се придружите на овој настан, еве ги причините:
- Повеќе од 690.000 посети минатата година
- Над 5.300.000 прегледи минатата година
- Минатата година пристигнаа над 51.000 апликации
- Employer Branding досег до над 7.200.000 корисници/потенцијални кандидати
Дали знаете дека дури и секој четврти работник од регионот е подготвен да се пресели во друга земја поради работа? Затоа, искористете ја можноста да дојдете до потенцијални кандидати во регионот: Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Словенија. Детални информации можете да најдете во презентацијата за проектот.
Резервирајте го вашето место денес со попуст од 10% - РАНАТА РЕГИСТРАЦИЈА трае до 2 септември!