Со последните поскапувања, животните трошоци во Македонија продолжуваат да растат, притискајќи го стандардот на граѓаните до критична точка.
Синдикатите излегоа со анализа дека четиричлено семејство месечно троши најмалку 60.570 денари за основни потреби, а ако живее под кирија, оваа сума достигнува до 75.945 денари.
Оваа ситуација станува уште понеподнослива со фактот дека преку 80.000 работници земаат минимална плата, а уште 100.000 се помеѓу минималната и просечната плата.
Целиот текст можете да го прочитате на kurir.mk