Минатата година, бројот на трансакции за продажба на станбен имот падна во 13 од 16-те земји-членки на ЕУ за кои Евростат имаше податоци.
Во споредба од година во година, најголем пад е забележан во Луксембург, а најголем раст во Кипар. Еден од најголемите падови забележа и Словенија, каде што бројот на трансакции е намален за една петтина.
Минатата година беше втора година по ред во која е забележан пад на бројот на продажби на станбен имот во повеќето земји-членки на ЕУ. Во 2022 година пад е забележан во 10 земји-членки.
Би можело да ве интересира: „Само дома си е дома“ - Eве зошто Македонците не сакаат да се иселат од земјава!
Според податоците на Евростат, лани најголемо намалување на бројот на вакви трансакции на годишно ниво имало во Луксембург, за 43,3 отсто. Следат Австрија (-26,4 отсто), Унгарија и Финска (-24,5 отсто) и Франција (-21,5 отсто).
Веднаш зад Франција е Словенија, каде што бројот на трансакции за продажба на станбен имот е намален за 20 отсто.
Од друга страна, најголем раст на бројот на трансакции е забележан во Кипар – 31 отсто. Раст е забележан и во Полска (+3,9 отсто) и Ирска (+0,6 отсто).