Иако многумина според индексот на телесна маса пресметуваат дали имаат вишок килограми, постои уште еден едноставен трик тоа да го дознаете.
Во телевизиската емисија „Вистината за гојазноста“ која ја емитува BBC прикажан беше краток тест спроведен над Британците.
Главен показател за гојазност е вишокот сало околу стомакот, но не и само тоа, туку и таложењето масти покажува ризик од болести како дијабетес и срцеви заболувања.
Авторите на емисијата нагласуваат дека ризична група не се само гојазните луѓе чија вага покажува поголем број килограми, туку и слабите кои имаат изразено сало околустомакот.
Како да го направите тестот?
Прв чекор: Измерете конец од петиците до темет.
Втор чекор: Превиткајте го конецот на половина.
Трет чекор: Завиткајте го околу половината. Ако краевите не се спојат, тоа е знак дека имате вишок сало на стомакот.