Исплатата на парите од „Мој ДДВ“ за второто тримесечје нема да започне пред да биде усвоен ребалансот на Буџетот за 2024 година, бидејќи во сегашниот буџет на УЈП не се предвидени средства за исплата.
Затоа е неопходно да има ребаланс пред да започне исплата на парите за второто тримесечје, порача денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова.
– Исплатата не може да почне додека не помине ребалансот на Буџетот, бидејќи во буџетот на УЈП за 2024 година не биле испланирани доволно средства за цела 2024 година.
Испланираните средства за „Мој ДДВ“ во најголем дел се потрошени и затоа мораме да го чекаме ребалансот на државниот Буџет и потоа да бидат испланирани средства, рече Петрова во интервју за „Република“.