Србија се подготвува да го испрати својот прв сателит во орбитата, приклучувајќи се на групата од 106 земји кои веќе имаат вселенски програми.
Покрај набљудувањето на Сонцето во доменот на Х-зраците, што е невозможно од Земјата, сателитот наречен „Мозаик“ ќе има уште неколку мисии, меѓу кои и и телекомуникациски.
Како што наведуваат српските медиуми, првиот српски сателит „Мозаик“ треба да биде лансиран во вселената следната година, со идеја да остане во орбитата помеѓу две и три години.
-Првиот српски научен сателит има неколку цели и мисии. Првата цел, целта на мисијата, е да се набљудува Сонцето во доменот на рендгенските зраци. Втората цел е да се фотографира планетата Земја. Така сателитот ќе има повеќе сензори, поточно две камери, едната ќе биде насочена кон Земјата – ќе ја снима површината на земјата, нема да биде во ултра висока резолуција, не можеме да ги споредиме со Гугл, но доброто е што можеме да добиеме од нив кога сакаме, не кога плаќате или кога испраќате барање, туку само нашиот сателит лета над нашата земја еднаш дневно и можеме да земеме податоци од тој сателит – посочува Милан Стојановиќ од белградската астрономска опсерваторија.
Во проектот за лансирање на сателитот „Мозаик“, чиј комуникациски систем го изгради Институтот „Михаило Пупин“, се вклучени и професори и доктори од Математичкиот и Електротехничкиот факултет и Институтот за физика.
-Една од главните цели на мисијата е да научите како да направите сателит од почеток до крај, од набавка на компоненти што одат на сателитот, нивна интеграција, склопување и поставување на она што сте го виделе на моделот, негово тестирање до испраќање во орбитата – вели Стојановиќ.