Во новата учебна година се запишале 500 првачиња помалку од лани во мај. Ова го соопшти министерката за образование Весна Јаневска.
„Имаме 500 првачиња помалку запишани за разлика од мај минатата година“, рече Јаневска.
Тоа е резултат на исселувањето од државата, и тој тренд очигледно продолжува, а продолжува и трендот на пад на првооделенците од година во година.