Низа настани им го загорчија животот на оние кои беа доволно несреќни да живеат во тој период
Според историчарот од Харвард, Мајкл Мекормик, најлошата година за живеење на Земјата била 536 година од нашата ера. Мекормик ја избра 536 година кога поголемиот дел од светот бил во „мрак“. Потоа започнале низа настани кои им го загорчија животот на оние кои беа доволно несреќни да живеат во тој период.
Европа, Азија и Блискиот Исток биле погодени од мистериозна магла, така што тие области биле во тотален мрак цели 18 месеци. Во Кина заврна снег предизвикувајќи голем глад откако посевите беа уништени и предизвика недостаток на леб во следните неколку години.
Летните температури паднаа за 1,5 до 2,5 степени Целзиусови, по што следеше најстудената деценија во последните 2.300 години.
Во Европа, 536 година, тврди МекКормик, била „почеток на едно од најлошите времиња да се биде жив, ако не и најлошата година“, а до 640 н.е., немало знаци дека работите ќе се подобрат.
Тврдењето на Мекормик е во спротивност со другите години како 1349 година кога „Црната смрт“ ја опустоши Европа или 1918 година кога грипот уби до 100 милиони луѓе.
Маките од тие години по 536 година продолжиле во 541 година кога бубонската чума го погодила римското пристаниште во Египет и се проширила и збришала третина од Римската империја на исток. Ова, според Мекормик, го забрза падот на Рим.
Според новото истражување, мистериозната магла всушност најверојатно била предизвикана од вулканска ерупција на Исланд. Ерупцијата покри голем дел од северната хемисфера со пепел, а потоа следеле уште две големи ерупции, во 540 и 547 година, заедно со чумата.
Ова предизвикало економска стагнација до 640 година. Кајл Харпер, историчар од Универзитетот во Оклахома, рече дека записот за катастрофи и човечко загадување откриени во мразот на глечерот „даде нов тип на записи за разбирање на синџирот на човечки и природни причини кои доведоа до падот на Римската империја и најраните раздвижувања на новата средновековна економија“, пренесува biznisinfo.