Не е тајна како „Фејсбук“ заработува пари за кои ние, обичните смртници, можеме само да сонуваме. Меѓутоа, вреди да се прашате од каде му на Фејсбук толку многу пари, освен рекламите кои ги наплатува. Одговорот можеби помалку е застрашувачки: нашите лични информации. Со други зборови, тоа што ние го даваме бесплатно тие за тоа добиваат милиони.
Имено, во светот на социјалните мрежи корисниците се буквално машина за праи, дури и кога не купуваат ништо. Причината за тоа е тоа што социјалните мрежи се исклучително важен и обемна алатка за маркетиншко истражување. Секој пат кога ќе кликнете „like“ и „share“, се приклучувате на фан страна или дури додадете нов пријател, вие создавате нов пакет на статистика за кој поголемите корпорации ќе понудат огромни пари за да дојдат до него.
ЕВЕ ЈА ТОЧНАТА ВРЕДНОСТ НА ВАШИОТ ПРОФИЛ
1.Самото ваше присуство вреди околу 81 долар
2.Секоој ваш пријател на профилот вреди околу 0,62 долари
3.Секој ваш „like“ вреди околу 0,03 долари
Во просек, секој профил вреди 1800 долари, а сериозна бизнис група или страна вреди 3,1 милиони долари.
Гледајќи и следејќи го растот на Фејсбук во последните три години, се проценува дека собрале 2,11 милијарда информации кои може да ги продадат.
На тој начин Фејсбук заработува околу 1,2 милиони долари дневно од бесплатната работа на своите корисници, создавајќи тоа што “Wall Street Journal” го нарекува најголемата неплатена работна сила во историјата на човештвото.
makedonijadenes.com.mk