Водечките играчи на турската туристичка индустрија предложија да се промени постоечкиот и популарен формат за одмор во земјата („all inclusive“).
Еден од бизнисмените, Зафер Алкаја , истакна дека овој систем многу влијаел на развојот на туристичката индустрија во Турција, но сега треба да се промени. Патем, токму Алкаја беше еден од основачите на овој систем во раните 90-ти.
-Системот „all inclusive“ стана многу важен излез за развојот на нашата туристичка дестинација. Резултатите што ги постигнавме благодарение на него се секако на ниво. Меѓутоа, години подоцна, во новиот процес што моментално го доживуваме, треба да биде дискутирано одново. Туристите кои бараат високо ниво на производи и услуги се природно подготвени да ја платат цената за тоа – смета претприемачот.
Во исто време, Здружението на тур-оператори на Турција беше прилично скептично за овој предлог, со оглед на тоа дека нема достојни алтернативи на постоечкиот систем.
-Со години се искажуваат различни мислења, на пример, се предлага моделот „плати колку што користиш“, но тие нема да го заменат популарниот систем all inclusive, кој е особено популарен меѓу странските туристи – сметаат експертите на организацијата.
Иницијативата е мотивирана од зголемувањето на трошоците во услови на тешка економска ситуација во Турција, како и од новите услуги што се појавија за туристите по подобра цена.
EADaily потсетува дека, според официјалните податоци, 56,7 милиони туристи ја посетиле Турција во 2023 година. Од нив, 6,3 милиони луѓе се Руси.