Размислуваат за неконвенционално решение, кое кога ќе се примени може да замени 25.000 возачи.
Не се проблем камионите, туку недостатокот на професионални возачи. Проценките велат дека до 2030 година на Јапонија ќе ѝ недостасуваат 36 отсто возачи.
Затоа се размислува за неконвенционално решение кое кога ќе се имплементира би можело да замени 25.000 возачи.
Транспортната лента е дел од хоризонталниот транспорт во фабриките, магацините и сите објекти каде што е потребен линеарен транспорт на слични предмети.
Меѓутоа, во Јапонија размислуваат за изградба на автоматски транспортен систем налик на подвижна лента – на автопат.
Една таква сообраќајна лента би ги поврзала Токио и Осака, што во превод значи дека би била долга дури 500 километри.
Се предвидува дека дневниот транспортен капацитет би бил на ниво од 25.000 камиони.
Japan Times објави дека проектот Autoflow Road се очекува да биде завршен во 2034 година, а се проценува дека трошоците за изградба би можеле да надминат 23 милијарди американски долари.
Се чини дека е добра идеја бидејќи истото решение би го намалило ефектот од недостигот на работна сила и метежот на автопатиштата поради отстранувањето на 25.000 камиони.