Речиси три четвртини од германските компаниите каде што е можна работа од дома сакаат да го задржат овој модел на работа, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања IFO во Минхен.
„Овие резултати го побиваат тврдењето дека се враќа трендот на работа во канцеларија“, коментира истражувачот на IFO, Жан-Виктор Алипур.
Како што е наведено, 74 отсто од германските компании сакаат да ја задржат можноста за работа од дома, 12 отсто планираат дополнително да ја регулираат со построги упатства, а само четири отсто целосно да ја укинат.
Истражувањето покажа дека 11 отсто од компаниите дури сакаат да ја поедностават регулативата за работа од дома и да ја направат пофлексибилна.
Работата од дома е генерално возможна во 79 отсто од компаниите во Германија, значително почесто во големите компании, 93 отсто, отколку во малите и средни компании, 75 отсто.
Ситуацијата значително варира во зависност од секторот, при што 82 отсто од давателите на услуги и 89 отсто од производствените компании нудат работа од дома наспроти само 40 отсто од градежните и трговските компании.
„Работата од дома е цврсто воспоставена во Германија. Ситуацијата нема да се врати во 2019 година“, смета Алипур, пренесува „Политико.рс“.