Една топка сладолед после работа, утре чоколаден на стапче додека чекаме превоз, за викенд семејно пакување се подразбира. Се засладуваме и разладуваме со сладоледи, а килограмите само се смешкаат. Дали во овие случаи би ни „помогнал“ нискокалоричниот сладолед?
Изгледа дека може, ако е направен од млечни производи со малку маснотии, без шеќер или со млечни алтернативи за да се намали бројот на калории.
Секако, треба да се консумира умерено и во согласност со урамнотежена исхрана. Сепак, тоа не мора да значи дека овие десерти се здрави.
Обрнете внимание на составот
Некои нискокалорични сладоледи може да бидат високо обработени, додека други содржат повеќе шеќер од обичниот сладолед. Производителите не користат магија за да ги намалат калориите, мастите и шеќерот во сладоледот и наместо тоа често се потпираат на вештачки засладувачи (како што се шеќерните алкохоли) за да го дадат очекуваниот вкус.
Најдобро е да ги читаме етикетите кога купуваме и ако видиме дека списокот со состојки е предолг, подобро е да престанеме бидејќи мора да е многу обработено „бонбонче“. Второ, тоа што има помалку калории не мора да значи дека има помалку шеќер, па затоа е многу важно да се прочита табелата на етикетата. Премногу додаден шеќер е поврзан со бројни болести, затоа избегнувајте сладоледи со повеќе од 16 грама шеќер по порција.
Неопходно е да се внимава дали се вклучени замени за шеќер, вештачки вкусови и бои за храна. На пример, вештачките засладувачи можат да предизвикаат гастроинтестинални пореметувања, бидејќи телото не може целосно да ги свари. Ова е реалност која може да доведе до стомачни проблеми како надуеност, гасови и дијареа во зависност од чувствителноста.
Затоа треба да најдеме производи со пократки листи на состојки, бидејќи тие обично се помалку обработени, пишува „Heltlain“.
Најдобра опција – овошје, грчки јогурт, мед
За поздрави опции, најдобро е сами да си направите нискокалоричен сладолед дома. Таму ќе се увериме што точно ставаме – затоа се препорачува грчкиот јогурт да се изблендира со шумско овошје и парчиња темно чоколадо, да се додаде мед, па да се прелива во калапи и да се замрзне. И така, многу едноставно, имаме освежителна и здрава опција за ледено уживање.