Европската Унија потврди дека новиот систем за влез и излез од земјите од Шенген зоната ќе почне да функционира на 10 ноември!
Агенцијата за идентификациски документи (IDEEA) на Босна и Херцеговина ги појасни новите правила за влез во Европската унија кои во иднина ќе важат за граѓаните од Западен Балкан. Беше наведено дека со измените ќе бидат опфатени околу шеесетина земји чии граѓани ќе имаат поинаков начин на преминување на границата во земјите на ЕУ. Патниците ќе треба да достават биометриски податоци како отпечатоци од прсти и фотографија од своето лице на граница.
Главните промени го вклучуваат воведувањето на Европскиот систем за влез/излез (ЕЕС) и Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS).
-Системот EES служи за следење на времето и местото на престој во ЕУ за да се осигура дека патниците не остануваат подолго од 90 дена во период од шест месеци. При првиот премин на границата ќе се земаат биометриски податоци со што се елиминира потребата од печат на пасошите на граничниот премин. Со тоа се намалува ризикот од злоупотреба на идентитетот и се овозможува на имателите на патни исправи кои често ја минуваат границата да избегнат честа замена на пасошите поради тоа што сите страници се полни со печати – наведуваат од Агенцијата за документи за идентификација.
Системот ETIAS е и онлајн формулар во кој се внесуваат податоци за патната исправа и местото на живеење со доплата од седум евра. Образецот ќе важи до три години или додека не се замени патната исправа.
Европската унија планира да го лансира системот EES до 10 ноември, додека системот ETIAS ќе биде оперативен во средината на 2025 година.
Патниците кои имаат патни исправи од најновата генерација со целосна биометрика ќе можат да користат нови технологии. Со оглед на тоа што новите обрасци се во онлајн форма, IDEEA очекува зголемена потреба за користење на официјален електронски потпис.
Новите мерки имаат за цел да им го отежнат влезот на криминалците или терористите во Европската унија со лажни пасоши.