Милионерот од Охрид сè уште не се појавил по освоените 1,7 милиони евра. Ова е најголемиот џекпот во историјата на Државна лотарија. Добитната комбинација се состои од броевите 7, 10, 27, 31, 33, 35 и 36 и е уплатена во Охрид.
Бидејќи билетот е уплатен во Охрид, сè уште не е јасно дали добитникот е охриѓанец или турист кој бил на одмор во Охрид.
Претходната најголема сума е забележана во 2021 година, вредна над 41 милион денари.