Демографската слика во Македонија се движи кон катастрофа. Како што пренесува Алфа за 7 години бројот на ученици се намалил за 17 илјади, додека бројот на првачиња е намален за 3500. Поради ваквото намалување на населенито во нашата држава се затвараат и училишта. Само во период од 1 година се затворени дури 14 училишта.
Универзитетскиот професор Ацевски за Алфа вели дека причината за ваквото иселување е движењето на државата во погрешна насока.
„Она што би рекол во една психолошка-социолошка па дури и малку и вредносна смисла, еден голем дел од луѓето во Македонија се помалку се уверени дека државата се движи во една посакувана насока и се нуди некоја преспектива“ вели Ацевски.
Поради иселувањето се доведува до знак прашање и одвивањето на воспитно-образованиот процес но и работните места на настанивниците. Според професорот ќе имаме преструктурирање на некои училишта.
„Тоа ќе следи, едно престуктурирање на тие училиштата. Не можете да имате училиште со неколку деца, тоа е голем проблем особено во руралните средини. Потребна е една сеопфатна политика која подлабоко ќе навлезе во овие сегменти во подобрување на севкупниот живот од една страна и создавање на услови за младите. Тоа е многу пораметено во Македонија особено во последните 10-тина години“ вели Ацевски.