
Соопштение на ХАЛК БАНКА на фејсбук:
Почитувани пензионери,
Клиенти на Халкбанк АД Скопје, ве известуваме дека исплатата на пензиите на вашите платежни сметки ќе биде извршена во петок 30.08.2024 и средствата ќе Ви бидат на располагање во сите Филијали на Халкбанк АД Скопје , преку Банкоматите и ПОС терминалите кај трговците, преку употребата на електронско и мобилно банкарство.
Исплатата може да се изврши и на шалтерите во поштенските единици на Пошта на Северна Македонија само за клиентите кои имаат дадено согласност за исплата преку пошта.
Важни се луѓето,
Халкбанк АД Скопје