На европско тло варира висината на минималната плата. Македонија е меѓу земјите со низок минималец.
Од 10 земји кандидати и потенцијални членки на ЕУ, седум имаат национална минимална плата – Македонија, Црна Гора, Молдавија, Албанија, Србија, Турција и Украина, се вели во извештајот на Евростат.
Понатаму, се вели дека „сите земји кандидати и потенцијални кандидати со националната минимална плата, за која се достапни податоци, имаат минимални плати кои се движат од 185 евра во Украина до 568 евра во Турција.
Според податоците на Евростат, во јули 2024 година минималните плати во земјите на Европската унија се движеле од 477 евра месечно во Бугарија до 2.571 евро месечно во Луксембург.
Минималната плата во Србија во 2025 година ќе изнесува 458 евра, што е за 13,7 отсто повеќе од минималната плата за тековната година.
Кога станува збор за земјите од регионот по висината на минималмата плата, по Србија е Албанија со минимална плата од околу 354 евра годинава, потоа Босна и Херцеговина со минимална плата од 316 евра и Македонија со минимална плата од 367 евра.
Според податоците на Управата за статистика, во Црна Гора во 2023 година имало 244.484 вработени, а околу 50.000 од нив земаат минимална загарантирана плата – 450 евра. Но, владата на Црна Гора најавува нова фискална стратегија со која минималната плата од октомври 2024 година во просек треба да биде 700 евра.
Од јануари 2024 година, минималната плата во Хрватска е 677 евра нето месечно.
Минималната плата во Словенија во 2024 година изнесува 1.253,90 евра бруто.