Платите на работниците во Македонија не се доволно за да го следат континуираниот раст на трошоците за живот. Синдикатите бараат поголемо покачување на платите на вработените во јавниот сектор, како и раст на минималната плата која изнесува 22.500 денари, во услови кога вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 60.570 денари. Од септември ќе има усогласување на платите на вработените во јавниот сектор според општиот колективен договор. Тоа значи дека работниците од следниот месец ќе добијат повисоки плати за 200 до 300 денари.
Работниците бараат покачување на платите поради континуираниот раст на трошоците за живот, но од власта велат дека пари во буџетот за оваа година нема. Платите на работниците во Македонија не се доволно за да го следат континуираниот раст на трошоците за живот. Синдикатите бараат поголемо покачување на платите на вработените во јавниот сектор, како и раст на минималната плата која изнесува 22.500 денари, во услови кога вредноста на синдикалната минимална кошница изнесува 60.570 денари.
Од септември ќе има усогласување на платите на вработените во јавниот сектор според општиот колективен договор, но тоа не значи покачување на платите. Ова усогласување е предвидено да биде 0,75 проценти од моменталната просечна плата во Македонија која изнесува 41.939 денари. Тоа значи дека работниците од следниот месец треба да добијат повисоки плати за 200 до 300 денари.