
Поевтинуваат и бензините и дизелот, одлучи денеска регулаторната комисија за енергетика.
Според последната одлука, Еуросупер 95 поевтинува за половина дена и сега ќе се точи за 74 денари литар.
За 2 денари по литар поевтинува Еуросупер 98 и неговата нова цена е 76,5 денари.
Дизелот од полноќ ќе биде поевтин за 1 денар по литар и ќе се точи по 68,5 денари.
Ова е најниска цена на горивата во последните неколку години. Последен пат дизелот под 68,5 денари се продавал во мај лани, а бензинот немал пониска цена во последните повеќе од 2 години.