Долгоочекуваниот Employer Branding настан е веднаш зад аголот, подгответе се да се зајакнете како посакуван работодавач
После сонцето доаѓа дождот, летото сега е далечен спомен зад нас додека ни претстојат мрачни, есенски денови. Но, не кога зборуваме за Employer Branding, таму ќе грее сонцето. Можете ли да погодите? На повидок е онлајн Регионалниот саем за вработување, кој е достапен за работодавачите и вработените како платформа која овозможува сигурна и проверена локација веќе 6-та година по ред. Саемот се одржува за еден месец, од 15 до 22 октомври и крајно време е да го обезбедите вашето место под сонцето наречено Регионален саем за вработување.
Исклучителните бројки што саемот ги постигнува од година во година се веќе надалеку познати, сите во регионот знаат дека тоа е вистинското место кое обезбедува дополнителен дофат и ефективно помага за Employer Branding-от на работодавачите. Само минатата година имало повеќе од 690.900 посети и 51.700 регистрирани. Преку штандот имате можност да ја претставите вашата компанија преку 5 елементи на штандот, а деталите за секој можете да ги погледнете на презентацијата.
Бројките и учесниците се најголемата препорака за учество
Иако бројките се доволен показател за успехот на Саемот, најдобро е сето тоа да се слушне од устата на учесниците кои се враќаат да учествуваат на саемот од година во година за да го збогатат својот тим и да го подобрат и задржат својот имиџ како посакуван работодавач.
Lidl: „Едноставно, достапно и одлично дигитално искуство кое ни овозможи пристап до многу таленти.“
Adient: „Често учествуваме на саеми за вработување, а виртуелниот саем беше ново позитивно искуство, каде успеавме на еден поширок аудиториум на работобаратели да им ја претставиме нашата компанија и предностите за вработување во Адиент. Интерактивноста ни овозможи да одговориме на голем број на прашања кои ги имаа потенцијалните кандидати, а секако резултатот – поголем број нa апликации.“
Wabtec: „Со виртуелниот саем компаниите добиваат поголема видливост до потенцијалните кандидати, споредено со традиционалното стоење на штанд и делење флаери. On-line настаните се исто така популарни кај разновидна популација, особено кај младите. Ние во Wabtec ги следиме новите трендови и учествуваме на вакви настани. Минатата година добивме одлични кандидати, истото го очекуваме и оваа година.“
Neptun: „Изминатите 2 години Нептун беше дел од регионалниот виртуелен саем за кариера и навистина овој саем ги надмина нашите скромни очекувања. Бевме позитивно изненадени од одзивот, како и од квалитетот на апликантите што ги добивме. Убава можност за поврзување на команиите и потенцијалните заинтересирани кандидати.“
Сè уште размислувате за учество? Контактирајте не и ние ќе ви помогнеме да го изберете најдобриот штанд за вашата компанија.
Резервирајте го вашиот штанд уште денес - посетете ја веб-страницата на Регионалниот саем за вработување!