Србија ја направи првата ракија за жени. Ракијата со интересна структура која носи уште поинтересен слоган „Нежна по изглед, силна по избор“, е дизајнирана со цел да им овозможи на жените да уживаат во овој пијалок додека се чувствуваат престижно
Тамара Милошевиќ ја дизајнираше првата ракија за жени во Србија со едноставното, но импресивно име „Престиж“.
Ракијата со интересна структура која носи уште поинтересен слоган „Нежна по изглед, силна по избор“, е дизајнирана со цел да им овозможи на жените да уживаат во овој пијалок додека се чувствуваат престижно.
Ракијата е дел од веќе постоечки бренд „Император“, познат по иновативната комбинација на традиционална ракија и злато за јадење кој бележи сè поголем број жени меѓу своите клиенти. Токму затоа, иако традиционално се сметаше за „машки“ пијалок од „Император“ смеатаа дека е време да се создаде производ посветен на жените. Сепак, ракијата е именка од женски род.
,,Името „Престиж“ го избравме за да ја истакнеме идејата дека секоја жена заслужува да се чувствува престижно и посебно. Сакаме да пренесеме дека одлуките што ги носат жените, вклучувајќи го и изборот на пијалок, не ја дефинираат нивната личност. Во нашето општество, родовите стереотипи се исклучително силни, затоа сметаме дека е неопходно сите да се обидеме да ги скршиме оковите ковани со векови на наше микро ниво. И затоа нашата порака е: „Нежни по изглед, силни по избор“, објаснува Тамара.
„Престиж“ е првата ракија во Србија која е создадена со намера да ја истакне женската сила и елеганција, посочува Тамара, но сепак таа не е исклучиво наменета за жени.
,Престиж“ е лесковачката дуња и не се разликува значително од традиционалните методи.
„Ги користиме најквалитетните плодови од Лесковачка дуња, кои се двојно дестилирани, за да постигнеме исклучителна чистота и богатство на вкус. Она што ја издвојува нашата ракија е додавањето на јадливи искри кои додаваат визуелна елеганција, без да влијаат на вкусот и квалитетот“, вели Тамара и додава дека дуњата е избор поради исклучителниот мирис и малку слаткиот вкус, што жените често го избираат.
„Сакавме да создадеме производ кој е суптилен, а сепак препознатлив, исто како дуњата. Нашата стратегија е преку промоција да покажеме како „Престиж“ треба да ги потсетува жените на нивната слобода. Преку внимателно изработени содржини и настани на социјалните мрежи, сакаме да ја нагласиме важноста жените да се чувствуваат самоуверено и посебно во секој момент од нивниот живот“, објаснува таа.