И Кавадарци, по Скопје, Тетово и Охрид, стана дел од сообраќајниот проект „Сејф сити“ град со поставени камери на секои крстосници, семафор. Локалниот систем со камери ќе се интегрира во системот на МВР., но никој не знае кога ќе започне примената, односно „ловот“ на сообраќајни прекршоци.
„Овие камери би требало конкретно да утврдат сторен прекршок во делот на три сегменти. Првиот е погрешно паркирање, зборувам во градовите каде што ќе бидат поставени, вториот е преминување на црвено и третиот е недозволена бризина. Овие три сегменти се едни од најголемите прекршувања за законските прописи кои што се поврзани со фрекфентност во текот на една година, а дел од овие, особено преминување на црвено и голема брзина се предизвикувачи на најтешки последици.“, рече денеска во Кавадарци министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
Тој вели дека во моментов се работи на техничкото и законското решение. Според него, од почетокот на самиот проект никој не размислувал како да биде ставен во функција целиот систем. Колку казни ќе продуцира на дневна основа, дали тие ќе можат да се сработат од страна на вработени во МВР, како ќе се процесуираат, кој ќе ја води постапката, дали треба да се зголеми бројот на вработени во МВР за изрекување на прекршоци, дали ќе одат тие казни во суд и кој ќе ги сработи тие предмети во судот. Кога ќе бидат пуштени во употреба камерите, никој не знае, па ниту и самиот министер.