Дел од скопската општина Карпош ќе остане без струја во текот на денешниот ден, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи - Скопје.
- Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, во периодот од 8:30 до 12 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Јуриј Гагарин“, се наведува во соопштението.