Швајцарија е позната по високите трошоци за живот, а тоа го потврди и овогодинешниот Cost of Living Index by City 2024, објавен од Numbeo, најголемата светска база на податоци за градови и земји ширум светот.
Швајцарија на самиот врв
Според нивните податоци, најскапи градови за живеење досега во 2024 година се Женева и Цирих, а потоа следат Њујорк. При креирањето на овој извештај биле земени предвид трошоците за намирници, кирија, оброци во ресторан и вкупните трошоци за живот.
Во Женева намирниците се за 11,4% поскапи отколку во Њујорк, а цените во рестораните се повисоки за 1,5%. Сепак, трошоците за домување се за 40,4% поевтини во Женева отколку во Њујорк.
Женева, Швајцарија
Цирих, Швајцарија
Њујорк, САД
Сан Франциско, САД
Бостон, САД
Рејкјавик, Исланд
Вашингтон, САД
Сиетл, САД
Лос Анџелес, САД
Чикаго, САД
Женева сè уште е и еден од најдобрите градови за живеење
Иако Швајцарија е најскапата земја во светот за живеење, Женева исто така е рангирана како еден од најдобрите градови за живеење. Во средината на годината, Виена по четврти пат во последните шест години беше прогласена за најдобар град за живеење, покажуваат податоците на Economist Intelligence Unit (EIU). Цирих се најде на третото, а Женева на шестото место на таа ранг-листа.
Минатата година Економист ги објави најскапите градови во 2023. Извештајот Index Worldwide Cost of Living ги споредува цените на повеќе од 200 производи и услуги во 173 градови низ светот, а според резултатите, Сингапур и Цирих се најскапите. Женева беше на третото место, изедначена со Њујорк.