Следниот неработен ден практично и продолжен викенд е 11 октомври (петок), Ден на народното востание.
Овој месец носи уште еден неработен ден бидејќи следува 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба. Додека пак во декември следува и продолжен викенд, за време на “Св. Климент Охридски”, кој се паѓа на 8 декември (недела), односно 09 декември (понеделник).
Според Законот за празниците на Република Северна Македонија, неработни денови до крајот на 2024 година за сите граѓани се:
- 11 октомври (петок), Ден на народното востание
- 23 октомври (среда), Ден на македонската револуционерна борба
- 8 декември (недела), Св. Климент Охридски, односно 9 декември (понеделник)
- За граѓаните од католичка вероисповед, неработен ден е 1. ноември (петок),
- Празникот на сите светци, како и 25 декември (среда), првиот ден на Божиќ.
- За албанската заедница, неработен ден е 22 ноември (петок), Ден на албанската азбука.
- За еврејската заедница, неработен ден е 12 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.
- За бошњачката заедница, неработен ден е 28 септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците.
- За турската заедница, неработен ден е 21 декември (сабота), Ден на настава на турски јазик.