Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) деновиве упати предупредување до македонските граѓани да внимаваат при купувањето на пелети за огрев, поради можноста на пазарот да им бидат понудени производи кои не одговараат на декларираните стандарди за ква
Пазарната инспекција во последниот период открила пелети кои се продавале како висококвалитетни словенечки производи, но во реалноста не потекнуваат од Словенија и не ги исполнуваат барањата за квалитет.
Инспекциските контроли откриле значителни злоупотреби на пазарот, каде пелети се декларираат како „А1 класа“, што е стандард за највисок квалитет на пелети за домашна употреба.
Во некои случаи, сепак, овие пелети се со значително понизок квалитет и се наменети за индустриска употреба, како што се „А2“ или „Б“ класа.
„Пронајдени се пелети декларирани како словенечки, а немаат врска со Словенија. Пакувани се во други држави, а не соодветствува и квалитетот. Граѓаните мора да знаат кога купуваат каде се пелетите произведени и како се пакувани. Дури тогаш да одлучат да купат зашто во моментов имаме декларирање А1 класа, која може да е А2 или Б, за индустриска употреба“,
Како да се препознае вистинскиот квалитет на пелетите?
Оттука се поставува прашањето како граѓаните можат да се заштитат и да не бидат измамени при купувањето на пелети за огрев, посебно во зимскиот период кога побарувачката за овој вид енергенс значително се зголемува.
Денар на оваа тема разговараше со експерти за енергетски ресурси и биомаса, а тие посочуваат дека граѓаните треба да обрнат внимание на неколку клучни карактеристики при купувањето пелети.
„Најпрво, треба да се провери дали пелетите имаат валидна етикета со информација за земјата на потекло, производителот и стандардот кој го исполнуваат. Пелетите од ‘А1 класа’ се со највисок квалитет, имаат низок процент на пепел и влажност и се произведуваат од чисто дрво без адитиви. Ако пелетите се декларирани како такви, а не ги исполнуваат овие карактеристики, тоа може да биде знак за фалсификување“, објаснуваат експертите.
Тие додаваат дека граѓаните можат да направат брза проверка и во домашни услови.
„Пелетите треба да имаат светла боја, која покажува дека се направени од квалитетно дрво. Доколку пелетите се темни или се распаѓаат лесно при допир, тоа е индикација дека нивниот квалитет е низок. Исто така, при согорување, висококвалитетните пелети оставаат минимална количина пепел“, советуваат познавачите.