Во малото алпско одморалиште Гранд Пуј, во Сејн-ле-Алпи, Франција, „télésiège“ – или жижарницата, ги превезуваше скијачите на надморска височина од 1.800 метри околу 65 години, пренесува Euronews.
Сега поради се позачестеното отсуство на снег и немањето посетители, мештаните гласаа за затворање на жичарата и на зимскиот центар во целина.
Сејн-ле-Алпи, со постојано население од нешто повеќе од 1.305, генерира загуби од стотици илјади евра секоја година, според градскиот совет. Локалните жители добија шанса да гласаат дали да го задржат одморалиштето отворено и на крајот 71 процент одлучија да го затворат.
Од 1 ноември, жичарниците ќе престанат да работат на Гранд Пуј, а заедницата наместо тоа ќе се фокусира на проширување на развојот на „активности без жичара“.
Недостигот на снег предизвикува затворања ширум светот
Низ Европа и светот, климатските промени влијаат на многу скијачки центри на средни и ниски височини. Многумина сега немаат друг избор освен да се диверзифицираат и да инвестираат во активности во текот на целата сезона за повторно да привлечат посетители и да ги зајакнат нивните економии, пренесува N1.
За време на скијачката сезона на почетокот на 2023 година, популарното француско одморалиште Сен Коломбан-де-Вилард мораше целосно да ги запре своите ски лифтови, по значителниот недостаток на снег во комбинација со температурите кои се искачија до 13°C. Спротивно на тоа, просечната температура во февруари во одморалиштето е нешто повеќе од 4°C.
Гранд Пуј може да се пофали со повеќе од 24 километри патеки, но бројот на посетители е преполовен во текот на последната деценија.
Во текот на сезоната 2013-14. службениците забележале 17.000 скијачки денови; во истиот период од 2023 до 24 година таа бројка била само 6.000.
„Мојата цел не е да го затворам Гранд Пуј, но повеќе не сакам одморалиштето да ја чини општината 350.000 евра годишно и да не спречи да инвестираме во градот како целина“, вели Лоран Паскал, градоначалник на Сејн.
Повеќе од 180 скијачки центри затворени во Франција
Географот Пјер-Александре Метрал откри дека повеќе од 180 скијачки центри се затворени во Франција од 1970-тите, многу од нив мали, семејни бизниси.
Во 2023 година, француското одморалиште Ла Самбуј, исто така, се затвори по недостаток на снег, а локалните власти потврдија дека ски-лифтовите ќе бидат демонтирани, и покрај фактот што одморалиштето продолжи да привлекува летни посетители.
„Помеѓу 1960-тите и денес, климата многу се промени. Сега има помалку снег во зима“, изјави Жак Далекс, локалниот градоначалник, за радио Европа 1 за време на објавувањето. „Отворивме само четири недели оваа година, тоа е тоа. Сезоната е се пократка и пократка и очигледно нема да биде подобра“.
Иако повеќето затворени одморалишта се во пониски или средни планински области, климатските промени исто така претставуваат сериозна закана за оние на повисоки надморски височини.
Во одморалиштата низ Франција, Австрија и Босна, сопствениците беа принудени да користат вештачки снег. Оваа практика всушност предизвикува дополнителни проблеми поврзани со климата, бидејќи користи огромни количества вода и енергија секој пат кога се создава.