За првпат Пивара Скопје на Најголемиот Регионален саем за вработување!
Пивара Скопје е неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Компанијата постојано се развива и е посветена на одржливиот развој, кој е една од нејзините главни заложби. Како продажно-ориентирана компанија, Пивара Скопје непрекинато воведува иновации во секојдневното работење и го проширува својот производен асортиман, задржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство на вкусови, со цел да биде 24/7 партнер за пијалаци.
Со повеќе од 100 години присуство, компанијата го поврзува своето културно-историско наследство со силата на двете глобални групации на кои припаѓа — Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Пивара Скопје постојано наоѓа нови начини да испорачува најдобра услуга на своите купувачи и да понуди уникатно искуство за потрошувачите. Компанијата е посветена да продолжи да го прави тоа на начин што ги инспирира нејзините вработени да победуваат заедно со клиентите.
Со повеќе од еден век на пазарот, Пивара Скопје гради силни партнерства со своите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно со нив, компанијата создава, расте и се радува на сите досегашни успеси, како и на оние што претстојат, потврдувајќи дека е партнер засекогаш.
Стратегијата на Пивара Скопје е фокусирана кон креирање раст, додека корпоративната култура е водена од четири силни корпоративни вредности, кои се темел на секојдневното работење на компанијата. За Пивара Скопје, купувачот е секогаш на прво место. Вработените работат како еден тим, каде што „ние“ секогаш е поважно од „јас.“ Компанијата е посветена на одржливо работење и поддршка на заедницата во која дејствува, градејќи силен тимски дух и чувство на заедништво.
Што нуди Пивара Скопје?
- Флексибилна работна средина и хибриден модел на работа, каде слободата на работа, изразување и креативно размислување се на прво место.
- Врвни технологии, иновативни решенија и групациски алатки, кои го олеснуваат секојдневното работење и овозможуваат лесно приспособување.
- Кариерни можности за развој, како во рамките на компанијата, така и во рамките на двете големи групации Coca-Cola HBC и HEINEKEN.
- Грижа за задоволството и ангажманот на вработените, слушајќи ги нивните мислења и поддржувајќи ги.
- Широк спектар на финансиски и нефинансиски бенефиции за секој вработен, кои постојано се подобруваат и надополнуваат.
Финансиски аналитичар (м/ж)
линк за повеќе детали и аплицирање
Раководител на тим за продажба
линк за повеќе детали и аплицирање
Унапредувачи на пазарот
линк за повеќе детали и аплицирање
Оператори во производство
линк за повеќе детали и аплицирање
Електротехничар - Автоматичар
линк за повеќе детали и аплицирање
Механичар - Бравар
линк за повеќе детали и аплицирање
Магационер за залихи
линк за повеќе детали и аплицирање
Бренд Менаџер
линк за повеќе детали и аплицирање
Трејд маркетинг специјалист
линк за повеќе детали и аплицирање
Дата Аналитичар
линк за повеќе детали и аплицирање
Дознајте за можностите за вработување во Пивара Скопје АД!
Доколку сакате да дознаете повеќе за условите за работа, отворените огласи и можностите за кариера во компанијата, кликнете на овој линк и посетете го штандот на Пивара на најголемиот регионален онлајн саем за вработување кој ќе биде отворен од 15-22 октомври.