До крајот на годината нема да има дополнителен попладневен час на евтина тарифа за електричната енергија за домаќинствата, ова го соопшти денес претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимовски.
До крајот на 2023 година нема да биде воведен нов попладневен час со евтина тарифа за електрична енергија, потврди претседателот на Регулаторната комисија, Марко Бислимовски.
Иако во јавноста се разгледуваше можноста за проширување на евтината тарифа од 13.00 до 16.00 часот, Бислимовски објасни дека тоа би значело намалување на попладневната тарифа навечер.
Според него, анализите покажале дека цените на берзата се поволни во периодот од 12.00 до 16.00 часот, што би можело да овозможи дури четири часа евтина тарифа. Меѓутоа, моменталните високи ноќни цени би довеле до укинување на евтината тарифа од 22.00 до 00.00 часот, што би можело да предизвика незадоволство кај граѓаните. Овој статус ќе остане до крајот на годината, а понатаму ќе следуваат разговори со ЕСМ и ЕВН. Тој исто така информираше дека до следното лето цената на парното нема да се зголеми.