Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август годинава изнесувала 41.097 денари што е за 12.9 отсто повеќе во споредба со истиот месец лани, соопшти Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена бруто-плата, пак, во август годинава, изнесувала 61.806 денари.
Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец октомври 2024 година изнесува 61.249,00 денари, информираат денеска од Сојузот на синдикати на Македонија. Со изнајмен стан од 60 м2 за октомври кошницата изнесува 76.624,00 денари.
Споредено со вредноста на синдикалната минимална кошница за септември 2024 година која изнесуваше 61.306,00 денари е намалена за 57 денари.
Споредете ја вашата плата сега на ЛИНКОТ, или пробајте ја алатката бесплатно на ТУКА (за компании.)